Заменик-министерот за земјоделство Фљакрон Беџети поднесе неотповиклива оставка

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фљакрон Беџети денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој на Фејсбук објави дека оставката ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски.
Во објава Беџети искажува благодарност до премиерот, министерот за земјоделство, владиниот кабинет, и до колегите и соработници за коректната соработка.
- Ова беше 10-месечен период на посветеност, одговорност, да се служи оваа функција во корист на земјоделците и сите други што ги претставува ова Министерство. Верувам дека со достоинство, транспарентност, сериозност и гордост, придонесов на оваа позиција, колку и да е малку, за општото добро, напиша Беџети во објавата.
Упати благодарност и до лидерот Арбен Таравари и партијата Алијанса за Албанците, потенцирајќи дека останува лојален на нив.
- Верувам дека не разочарав никого и со чесен труд ја афирмирав партијата што ја претставувам, напиша Беџети.
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
