Законот за јазиците и денеска пред пратениците

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 15. седница треба да ја продолжи расправата по Предлог-законот за употреба на јазиците.
Пратениците синоќа до доцна расправаа по овој закон и имаа поделени мислења за него. Опозицијата обвини дека законот е неуставен и со него се кршат процедурите, а се дискриминираат и помалите етнички заедници. За парламентарното мнозинство, пак, законот не го нарушува унитарниот карактер на државата и ќе допринесе за зголемување на соживотот во државата.
Пред продолжението на 15. седница, Собранието ќе ја одржи 16. седница на која ќе расправа по измените на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци - Штип со кој со анекс на договорот се предвидува продолжување на рокот за изградба на овој патен правец. Пролонгирањето на изградбата нема да има дополнителни финансиски импликации врз Буџетот.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во понеделникот изјави дека со Анексот на договорот што го усвои Владата се предлага рокот за изградба на автопатот Миладиновци - Штип да се продолжи до крајот септември следната година. Дополнителен рок го побарал изведувачот, бидејќи не успеал да ја заврши изградбата до 1 мај годинава.
Ново на Сител
-

Од ДУИ одбија да ги коментираат реакците на Филипче и Муцунски
-

Ќе се трошат државните резерви на мазут, за да нема рестрикции на струја
-

Прв состанок на претседателството на ДУИ
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Поскапува струјата - сметките ќе пораснат од 57 до 900 денари
-

Годишно обраќање на претседателката: Кочани тест за судството, без гаранции нема уставни измени за ЕУ
-

Поднесените измени на КЗ ќе ја паузираат расправата во Уставен - Костадиновски не очекува дискусија утре
-

Филипче уверува дека на следни избори ќе ја освојат власта, ВМРО-ДПМНЕ со критики за раководството на СДСМ
