Законот за Брегзит поддржан и во Горниот дом на британскиот Парламент
Домот на лордовите, кој во Велика Британија ја има улогата на Горен дом во Парламентот, го поддржа синоќа законот за Брегзит, со кој се овластува премиерот Тереза Меј да го започне процесот за излегување на земјата од ЕУ.
Членовите на Горниот дом со 274 гласа „за“, наспроти 118 „против“ гласаа да не се бара, повторно, поддршката на пратениците на владиниот закон, иако беа отфрлени двата амандамани на законот кои ги изгласаа лордовите.
Станува збор за гаранциите на владата дека државјаните на ЕУ кои се во Британија ќе може да останат во земјата, како и правото на Парламентот во Лондон, да побара формално одобрување на договорот што ќе го постигне владата по преговорите со Брисел.
Пред гласањето во Домот на лордовите, пратениците во Долниот дом уште еднаш го поддржаа законот, онака како што го предложи владата.
Премиерот Тереза Меј, која најпосле обезбеди поддршка за законот и во двата парламентарни дома, сега, теоретски, би можела уште денеска да го покрене членот 50 од Лисабонската спогодба.
Некои британски весници тоа вчера го најавија, но Даунинг стрит 10 синоќа ги отфрли таквите најави и порача дека „тоа сепак нема да се случи“.
Неименуван претставник на кабинетот на премиерот Меј рекол оти покренувањето на процесот за Брегзит „нема да се случи пред крајот на овој месец“, како што тоа и претходно, во повеќе наврати беше споменато.
Засега останува нејасно, дали процесот ќе биде покренат, пред или по одржувањето на специјалниот Самит на земјите членки на ЕУ на 25 март во Рим, во чест на одбележувањето на 60-годишнината од Римскиот договор од 1957 година и од создавањето на Европската економска заедница (ЕЕЗ), врз чии темели е формирана денешната ЕУ.
Британската опозициска Лабуристичка партија изрази жалење што Парламентот не ги прифати амандамните на лордовите.
Шкотската национална партија (СНП) пак, порача дека сите државјани од ЕУ на територија на Шкотска ќе бидат целосно заштитени без разлика што британскиот Парламент не ја обврза владата на Тереза Меј да им даде гаранции на Европејците дека нема да бидат вратени во своите земји.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот