-->
-->
Закани и напад во тетовско семејство
-->

Во 15 часот и 40 минути вчера, пред куќата на 30-годишниот Ј.Ц. од Тетово, дошол И.Х. и побарал Ј.Ц. да му врати 1.000 евра кои наводно му ги должел.
Според пријавата, И.Х. почнал да вика и да му се заканува на Ј.Ц., по што влегол во дворот и се упатил кон куќата. Кога излегле родителите на домаќинот, насилникот извадил нож и се заканил дека ќе го убие.
Родителите на Ј.Ц. пријавиле во полиција, по што полициски службеници го привеле И.Х. во СВР Тетово, каде со потврда за привремено одземени предмети му бил одземен ножот.
СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
