Захарова: Подготвени сме за преговори за Украина, предупреди на провокации во Европа

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија е подготвена за „продуктивни преговори“ за Украина, но само доколку тие доведат до конкретни резултати.
„Захарова за агенцијата РИА Новости изјави дека Москва и понатаму е отворена за преговарачкиот процес и контакти, но оти инсистира на „вистински резултати“. Таа додаде дека западните лидери, според руската оценка, се сè повеќе фокусирани на други глобални кризи, вклучувајќи ги и конфликтите на Блискиот Исток.
Захарова повтори дека Русија не се откажала од учество во разговорите за можниот мировен план предложен од САД, но дека и понатаму ја доведува во прашање подготвеноста на Украина за преговори. Како што наведе таа, Москва останува на ставот дека за долгорочно решение е потребно да се отстранат, како што тврди, „причините за конфликтот“, вклучувајќи ги безбедносните прашања и проширувањето на НАТО.
Захарова, исто така, предупреди и на можноста за „провокации“ против руските дипломатски претставништва во Европа околу 9 мај, наведувајќи дека руските служби се подготвени за такви сценарија и оти очекуваат одговорност од државите домаќини во обезбедувањето на сигурноста на дипломатите.
– Секојдневно сме подготвени на провокации, бидејќи тие се случуваат практично секој ден, ваму и таму. Сите сме ги виделе и ментално сме подготвени на нив. Видовме до кој степен овие непријателски режими дегенерираа – рече таа.
Таа додаде дека во текот на претходните години биле забележани поединечни инциденти за време на одбележувањето на Денот на победата во странство, но без поголеми нарушувања.
– Имаше, има и, за жал, ќе има провокации. Дали сме подготвени? Да, апсолутно – заклучи Захарова
МИА
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
