-->
-->
Загубени посмртните останки на легендарниот Гаринча
-->

Спортската јавност низ целиот свет е шокирана од информацијата дека исчезнале посмртните останки на еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, Гаринча.
Гаринча починал во 1983 на 49-годишна возраст. Дресот на Бразил го носел на 50 натпревари, а со националниот тим освоил две титули светски првак (1958 и 1962).
Посмртните останки на легендарниот фудбалер биле есхумирани за да бидат преместени во посебен мавзолеј, но семејството открило дека неговите посмртни останки во меѓувреме биле загубени.
„Мојот татко ова не го заслужува. Везнемирувачка е тоа што не знаеме каде се наоѓа. Градоначалникот вети мавзолеј, но најпрвин ќе мора да го пронајдат“, изјавила за бразилските медиуми ќерката на Гаринча, Росанела Сантос.
На гробиштата немаат објаснување, а ниту докази дека е извршена есхумацијата, за која семејството тврди дека била направена пред 10 години.
Фудбалската легендатребало да добие посебно место на гробиштата, но сега никој не може да ги пронајде неговите посмртни останки.
Градските власти предложиле нова есхумација за да можат со ДНК анализа да утврдат чии останки се во гробот.
Интересно, на истите гробишта се наоѓаат два споменика со името на Гаринча, оној каде бил погребан во 1983 и кај семејната гробница која била изградена две години подоцна, во која тој требало да биде преместен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
