Загинато едно лице во поплавите кои ја зафатија Албанија
Едно лице загина во поплавите кои денеска ја погодија Албанија, по поројните дождови кои предизвикаа и оштетувања на патиштата, јави новинската агенција АТА.
Дел од албанските портали соопштуваат дека во поплавите досега загинале три лица, но оваа информација засега не е официјално потврдена.
Во спасувачките акции ангажирана е војската и специјални спасувачки екипи.
Министерството за одбрана соопшти дека округот Лежа во северот на земјата, се испратени 30 воени лица, шест возила и мали чамци за евакуирање на три семејства.
Министерството за одбрана даде наредба за прекин на наставата во училиштата и градинките, а во зависност од временските услови, Министерството дополнително ќе соопшти дали оваа наредба ќе остане во сила и следните денови.
Автопатот Тирана-Драч, како и неколку други патни правци се блокирани. Многу села се без пристап поради оштетувања на локалните патишта.
Два траекта, поради невремето, имале потешкотии при допловувањето кај Валона, но безбедно се вкотвиле на пристаништето.
До 12 часот, количеството врнежи изнесувало 100 милиметри на квадратен метар. Според прогнозите, тие ќе продолжат и утре.
Ново на Сител
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот
-
Ангелоски: Замислете какво е чувството да платите, а веќе утредента да не важат повисоките цени