-->
-->
Загина управувач со летачки балон во САД
-->
Пилот на балон на топол воздух загина откако се заплеткал во опремата и паднал на земја. Несреќата се случила во САД, во четвртокот. Веста е објавена денеска.
Државната полиција во Вермон соопшти дека станува збор за 72-годишниот пилот Брајан Боланд од Пост Милс, Вермонт, САД. Балон со четворица патници полетал дента доцна попладне. По некое време тој слетал, но со проблеми во летот. Корпата со балонот се превртела, па еден од патниците бил полесно повреден.
Но, кога корпата почнала да се навалува за време на летот, претходно, Боланд се заплеткал во опремата прикачена на балонот, соопшти полицијата. Тој тогаш паднал на полето и бил прогласен мртов на самото место.
Откако паднал пилотот, балонот продолжил да се движи на север уште неколку километри, а потоа се заглавил во дрвја. Останатите тројца патници слетале безбедно на земјата.
Истрагата за несреќата е во тек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска