Македонија
2. January 2024 - 16:06

Загина прилепчанец откако му се слошило додека возел

Загина прилепчанец откако му се слошило додека возел.

- На 01.01.2024 во 18.30 часот во СВР Битола, е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Прилеп кај место викано Џаферица, на  И.С.(67) од Прилеп, додека управувал патничко моторно возило марка „сузуки“ со прилепски регистарски ознаки, му се слошило и возилото излетало од патот, соопшти МВР.

Како што соопштија од полицијата И.С. починал на лице место, смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош, а во консултација со јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.