Зафиров: Кога го обезбедував Груевски добивав илјадници честитки, сега едвај педесетина
Светскиот вицешампион во бодибилдинг, Тоше Зафиров, кој беше и дел од тимот за обезбедување на експремиерот Никола Груевски смета дека за разлика од порано, сега добива искрени честитки за Нова година. Според Зафиров, додека тој го обезбедувал Груевски добивал по илјадници честитки, а сега, кога сите го заборавиле поранешниот премиер, добива едвај 50 пораки.
„Си беше еднаш едно време кога бев обезбедување кај едно човече (Никола Груевски) и тогаш за Нова година добивав околу 1.000 пораки со честитки. Потоа не бев веќе кај човечето, и бројката се намали на 300-350. По некое време, кого го заборавивме човечето таа се намали накај педесеттина, но барем си знам, малку се, но сепак искрени пријатели се. Ете, таква е оваа приказна. Среќна нова 2019 година“, напиша Зафиров на социјалните мрежи.
Откако Зафиров се повлече од МВР, тој активно се занимава со бодибилдингот. Минатата година, тој ја претставуваше Македонија на повеќе натпревари, а последно беше во Италија каде освои шесто место.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал