Заев: Вистински патриоти се тие што обезбедуваат иднина за граѓаните

Чекориме кон НАТО и ЕУ, решаваме спорови, го јакнеме идентитетот. Владата на РМ ги продолжува разговорите со Грција, порача денеска премиерот Зоран Заев денеска пред Владата во присуство на сите министри на прес-конференцијата со која се одбележа една година од работењето на Владата.
- Никогаш не сме биле поблиску до решение, а пријателството меѓу двете земји и двата народа никогаш не било поголемо. Македонскиот јазик е потврден, нашиот идентитет е потврден, не е лесно ова прашање, но на Македонија и треба лидерство за да чекори напред, а не само празни зборови, рече Заев.
Нагласи оти за името ќе има референдум, на кој граѓаните ќе го имаат конечниот глас.
- Вистинските патриоти денеска се тие што им обезбедуваат иднина на граѓаните на Македонија по решавање на спорот за името. Македонија станува членка на НАТО. Решаваме 25-годишен спор, кој земјата ја влечеше надолу, додаде Заев.
Премиерот нагласи дека во името на граѓаните Владата се вложила да направиме промени и „една година подоцна велиме дека зад нас е една година на промени, со кои Македонија ја градиме да биде земја за сите граѓани“.
- Ја кренавме РМ како отворена, праведна, стабилна земја, земја на можности која почива на пет столба, додаде Заев.
Појасни дека тоа се столбовите на економски раст, реформите, услужни институции, едно општество за сите и стратешките интереси - членство во ЕУ и НАТО.
- Триста шеест и пет промени во 365 дена, а секој ден Македонија се менува на подобро, нагласи Заев.
Премиерот рече дека Македонија стана земја на економски раст.
- Градиме држава по европски правила, се грижиме да има квалитетна услуга за сите граѓани. Носиме промени и ја градиме РМ како едно општество за сите, едно семејство за сите. Македонија е земја во која сите граѓани се од прв ред. Решаваме спорови и при тоа го јакнеме идентитетот, порача Заев.
Напомена дека со мерките на Владата 90 илјади граѓани денес земаат поголема минимална плата, најмалку за две илјади денари, а просечната плата е повисока за 5,6 отсто во споредба со лани.
Ново на Сител
-

Трамп: Американските сили почнаа со расчистување на Ормуската Теснина
-

Џатевска: Ќе биде тежок натпревар и мора да имаме сериозен пристап
-

Уапсен 44-годишник, во крвта имал 3,18 промили алкохол и нападнал полицаец на службена должност
-

Мицкоски: Без силна акција од Брисел и други членки на ЕУ не може да дојде до промена на ставот на Бугарија
-

Уапсен 19-годишник, во багажник превезувал „пит бул“ повреден од улични борби
-

Три автомобили изгореа на Бит Пазар, нема повредени
-

16-годишник од скопско со нож тешко повредил соселанец
-

Турчин со тротинет удрил жена на „Партизанска“ и побегнал од местото на настанот
