Заев: Учиме од историјата – чекориме силно и храбро кон иднината
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, по повод празникот Ден на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, упати честитки до македонскиот народ и до сите граѓани на Република Македонија, со порака сите наши идни предизвици за мир, за стабилност, за подобар живот во Македонија, да ги водиме заеднички.
– Храброста на дејците на македонската револуционерна борба, на кои денес им се поклонуваме и ги чествуваме, е мотивот кој не води секој ден на патот Република Македонија да ја исправиме пред светот како достоинствена во нејзиното единство и во остварувањето на државните цели. Учиме од историјата – чекориме силно и храбро кон иднината. Пруживме рака за помирување со сите наши соседи. Да си пружиме рака и дома како вредност која е одлика на големи народи и нации, пишува во честитката на премиерот Заев, во која уште упатува повик да чекориме цврсто и одлучно кон европското семејство заедно, затоа што изолација никогаш не носи ништо добро.
Патриотизам е, нагласува Заев во честитката по повод празникот, кога им го градиш патот на идните генерации, правејќи држава признаена од сите, како што се стремеа и основоположниците на македонската револуционерна борба и држава на која ќе бидеме горди, вложувајќи се себеси, како што се вложуваа плејадата учесници во создавањето на нашата државност.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје
-
Денот на младоста - Празникот што ги обединуваше младите во поранешна Југославија