Заев: Треба да ги следиме препопраките на Венецијанската комисија
Немаме намера да се враќаме назад. Имаме намера секојпат правата коишто се добиени да ги гарантираме, но тие да бидат и практично применливи, порача денеска премиерот Зоран Заев.
– Правото на употребата на јазикот е убаво човеково право, треба да го негуваме, тоа не загрозува никакво друго право на кој било друг етникум или на кој било друг јазик, но ако тоа право загрозува друго право како што е правото на правда, тогаш сите треба и редно е да размислиме. Тоа го препорачува Венецијанската комисија. Така што, самите препораки треба да ги следиме, да ги имплементираме. Начините на имплементација ќе ги издоговориме со институциите, рече Заев во одгово на прашање на презентацијата на иницијативата на Македонско-бугарската и Бугарско-македонската стопанска комора за ново интерконективно гасно поврзување меѓу двете земји преку гасоводот Петрич – Струмица.
Ќе продолжиме како коалиција заедно и со опозициските албански партии коишто учествуваа во ваквото законско решение, посочи Заев, да го изнајдеме решението како препораките од Венецијанската комисија да бидат имплементирани.
– Сите сме согласни дека треба да бидат имплементирани. Како ќе го направиме тоа – ќе имаме работни групи на коишто ќе ги утврдиме следните чекори. Законот има рок на старт на имплементација до април 2020 година. Значи, ние по самото законско решение надвор од Венецијанска комисија мораме да ги унапредуваме капацитети во институциите во државата, рече Заев
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228