Заев: Сите сме качени на кајчето и треба да извесламе колку што може побрзо до ЕУ

Сите сме качени на кајчето и треба да извесламе колку што може побрзо до ЕУ. Брзината во веслањето зависи од двете весла, десното и левото весло, оние што бојкотираат не оставија со едно весло, но и со едно весло може, по бавно ама целта ќе ја стигнеме. Кога ќе ја стигнеме ќе земеме глисер и тогаш ќе ги земем сите, бидејќи се бориме за сите во Македонија, порача вечерва пред стружани премиерот Зоран Заев.
На трибината во Струга, во градот, кој, како што рече, е пример за единство, сплотеност и меѓусебно разбирање, Заев повика да се искористи историската шанса да се излезе на референдумот на 30 септември и да гласа „ЗА“ евроатланска интеграција на земјата.
- Разбирам некој да излезе и да гласа против, но да седи дома и да бојкотира неможам да разберам. Тоа е најподмолниот начин да ја закочите државата, својата држава. Можеме да излеземе да гласаме „за“ или „против“, но да бојкотираме тоа е да се биде противник на државата, рече Заев повикувајќи ги стружани да излезат на 30 септември и да кажат „да“ за европска Македонија.
Ова, како што нагласи, не е меѓу партии, не е за Заев и за Мицовски или за оние што бојкотираат.
- Ова е прашање зад кое треба да застанеме сите граѓани без разлика на етничка, верска, кутлуролошка или било какква определба. Ова е наша заедничка татковина и обврска е на сите да ја обезбедиме иднината на нашите деца. Шансата на Македонија и е во дландката, треба само да ја зграпчи. Нашето место е во ЕУ и НАТО и друга алтернатива за тоа не постои, подвлече Заев.
Премиерот уште еднаш потсети на придобивките од членството на земјата во НАТО и Европската унија, кои носат повисок економски стандард мотивирачки плати, владеење на правото, сигурност и безбедност, квалитетна и ефективна администрација, како и вечен мир, слобода, безбедност, стабилност и сигурност.
- Оваа генерација го има пред себе историскиот момент да биде учесник на референдумот кој ќе биде нова најсовремена историја во Македонија. Ве уверувам дека со ваквата одлука многу брзо во европска Македонија ќе можеме да си ги погледнеме децата во очи и да им кажеме дека ние донесовме одлука денеска да живеете среќно во европска држава, истакна Заев.
На обвинувањата од опизицијата за штетноста на договорот со Грција, тој одговори дека е направен компромис за двете страни и дека конечено од политички непријател земјата стана наш пријател и поддржувач, која го признава македонскиот народ, јазик и идентитет.
- Конечно имаме остварување на вековните аспирации на нашите татковци и дедовци. Имаме држава признанеа од целиот свет, држава во која живее доминантно македонско население, граѓани кои зборуваат македонски јазик признаен од цел свет. Конечно имаме држава признаена од сите, нагласи Заев.
Доколку некој има план Б или Ц, премиерот го повика да го презентира да го разгледаат и да видат дали има друга алтернатива.
Ново на Сител
-

Сали од Брисел: Силна посветеност за унапредување на македонската евроинтеграција и спроведување на клучните реформи
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
-

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје, експертите укажуваат - да се реафирмира културата на градот
-

Уапсен велешанец, пијан оштетувал паркирани автомобили
-

Избегната трагедија во Драчево: Зрно од огнено оружје погодило малолетник во училишен двор
