Македонија
22. May 2026 - 12:32

Четири лица загинаа во тешка сообраќајка пред Скопје

Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа која вчеравечер нешто пред полноќ се случила на скопската обиколница.

До несреќата дошло кога камион загубил контрола по што ги пробил заштитните банкини и прешол во спротивната насока при што се судрил со аавтомобил. Од судирот автомобилот се запалил и целосно изгорел.