Заев се сретна со известителите од Комисијата од СЕ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во придружба на заменик претседателката Радмила Шекеринска и Рената Дескоска, пратеничка и потпретседателка на Собранието на Република Македонија попладнево се сретнаа со известителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа.
На средбата, како што соопштија од партијата, се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија, спроведувањето на Договорот од Пржино и потребата од негова суштинската имплементација.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, истакнал дека Договорот од Пржино е единствена можност за излез на Македонија од политичката криза и оти само негово целосно спроведување може да создаде услови за одржување на фер и демократски избори.
Додал дека без прочистување на Избирачкиот список и регулација на медиумскиот простор во Македонија не може да има фер, демократски и слободни избори.
- Само со исполнување на овие два услови, во Македонија може да се спроведат фер и демократски избори коишто ќе обезбедат почитување на слободно изразената волја на граѓаните и пред се стабилност на државата, потенцирал на средбата претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
