Заев се сретна со египетската амбасадорка

Премиерот Зоран Заев, денеска се сретна со Манал Јехиа Ел Шенави, амбасадорка на Египет за Република Македонија.
Владината прес-служба информира дека египетската амбасадорка Ел Шенави, пред заминување од позицијата поради крајот на нејзиниот мандат, му го честиташе на премиерот Заев стапувањето на должност претседател на Владата на Република Македонија и го оцени како успешен почетокот на работата на новата Влада, со очекување за натамошно унапредување на односите помеѓу Македонија и Египет.
- Новата Влада е посветена на стратешките цели на државата, интеграција во Европската унија и во НАТО, но и кон развој на добрососедските односи и соработка на Република Македонија со државите на меѓународен план. Овие отворени политики и определбата на Владата кон потребниот реформски процес очекувам дека ќе донесат видливи економски резултати за граѓаните на Македонија, како и дека ќе придонесат кон зацврстување на пријателставата на Македонија со земјите во светот и стекнување нови пријатели со цел меѓународна соработка во општо добро, рече премиерот Заев.
На средбата се разговарало за можностите и начините за продлабочување на економската соработка помеѓу Република Македонија и Египет, како и во областа на туризмот. Договорено е да се разгледаат законски можности и олеснувања што би можеле да ги мотивираат бизнисмените кон инвестиции во двете држави.
Премиерот Заев и амбасадорката Ел Шенави изразиле заедничка определба за соработка во делот на заштитата на стабилноста и безбедноста во двете држави, како и за меѓународната стабилност и безбедност.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
-

Итно е потребна трансплантација на срце кај охриѓанецот Дарко
-

Кебакоски: Трговците ни ја купија пченицата по 10 ден. за да ја продадат поскапо Стокови резерви, државата да ни даде по уште 5 ден. од кг.
