Заев: Промената на имињата на училиштата во Чаир согласно со член 26 од Законот за основно образование

Претседателот на СДСМ Зоран Заев објави дека по темелна анализа правни тимови констатирале и го информирале оти промената на имињата на основите училишта во Општина Чаир е согласно со членот 26 од Законот за основно образование, како и дека не било неопходно Бадентерово мнозинство.
– Вчера и денеска ги проверивме сите аспекти од постапката на носење на имињата на основните училишта во Чаир. После темелна анализа, правни тимови констатираа и ме информираа дека промената на имињата е согласно членот 26 од Законот за основно образование. Откако училишниот одбор донел одлука за измена на Статутот на училиштето со што се променува името на училиштето и се додава уставното име на државата, истата била потврдена и од страна на Советот на Општина Чаир. Баденетерово мнозинство не било неопходно, наведува Заев во објава на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук
Тој истакнува дека одговорноста пред граѓаните подразбира и темелна проверка на фактите и спречување на какви било обиди за политичко поентирање врз база на меѓуетничките односи во нашата земја.
-Одговорно е да се водиме од словото на законот, нема и не смее да има простор за ширење национализам и поделби. СДСМ е партија предводник на концептот едно општество за сите која се води исклучиво од словото на законот, стои во објавата.
Ново на Сител
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
