Заев повика на одговорност од партиите за законот за ЈО, подготвен е да разговара со Мицковски

Лидерот на СДСМ Зоран Заев е подготвен да разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за да се изнајде решение за Законот за јавното обвинителство. Тој денеска повика на одговорност од политичките субјекти и изрази уверување дека во следните три недели може да се донесе законот.
– Се работи за системско решение кое се носи со двотретинско мнозинство и треба сите да понесеме одговорност и да преземеме чекори за да го донесеме овој закон. Ако не пред изборите, ќе треба да го донесеме по изборите. Како и да одат состојбите на изборите, треба да го донесеме. Тоа е наша заедничка обврска бидејќи е двотретински закон. Тоа може да го направиме сега додека работи Парламентот за да им дадеме аргумент плус на еврокомесарот и на земјите членки на ЕУ и да може да осигураме одлуката на Европскиот совет конечно да биде позитивна, иако тоа не е услов, не е дел од извештајот за нашата земја, но ќе биде аргумент повеќе, изјави Заев по денешниот хуманитарен базар во организација на СДСМ.
Тој нагласи дека овој закон е еден од последните структурни закони во делот на реформите во правосудството и додаде дека е подготвен да разговара со сите политички субјекти.
– За сето она што може да дојде како сугестија од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и од албанските политички партии, со која ќе се подобри законското решение, но ќе биде во рамки на црвените линии на Европската унија, можеме да најдеме решение, рече Заев.
Во однос на предлогот опозицијата да го избира јавниот обвинител, Заев истакна дека нема никакви предрасуди во однос на тоа, но оти верува дека ниту еден обвинител не би сакал да биде предложен и избран од политичарите.
– Имаме убаво европско решение – Советот на јавни обвинители. Подготвен сум да разговарам за сето она што не ги поминува црвените линии, рече Заев.
Ново на Сител
-

Пукање во Скопје: Убиен 25-годишен маж
-

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста
-

Пет лица загинаа откако карго-авион на „Амазон“ се урна на аеродром во САД | ВИДЕО
-

Трамп предлага сојузната држава Њу Мексико да се вика „Нова Америка“
-

Денеска ќе биде погребан Ратко Младиќ
-

Сончево и топло со температура до 35 степени
-

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до четири милиони патници
-

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници
