Заев: Напредок во делот на креативноста за решение за името
Премиерот Зоран Заев денеска во Дојран, коментирајќи ја вчерашната средба меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Солун, денеска оцени дека е направен напредок во разговорите за решение за проблемот со името.
- Направен е напредок во делот на креативноста на изнаоѓањето на решенијата за она коешто за нас е важно да може да помине, сочувувајќи го достоинството и идентитетот, но и за грчката страна, исто така, можност да помине достоинството и идентитетот. Секако, тоа се само идеи на маса за коишто продолжуваме да размислуваме, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања денеска во Дојран каде присуствуваше во акција на чистење во пресрет на туристичката сезона.
Како што додаде, на крајот на идната седмица пак ќе има некоја средба и ќе се види како ќе се одвиваат работите.
- Целта е веќе кога сме дојдени на крајот и така критиките ги добиваме од граѓаните, дај да ги добиеме и позитивните поени со можно решение. Јас сум убеден дека поради креативноста, посветеноста на двете страни во преговарачкиот процес можеме конечно да здивнеме со еден проблем помалку којшто секако е еден од крупните во Македонија којшто ќе ги отвори портите на НАТО и ЕУ, притоа важно е секако да не бидеме обесчестени, да не бидеме понижени, како и грчката страна исто така. Убеден сум кога веќе стасавме до овде двете страни имаат искрена, вистинска намера за решение на проблемот, додаде Заев.
Шефовите на дипломатиите Димитров и Коѕијас вчера во Солун разгледуваа можни комбинации за потешките прашања во преговорите за спорот со името, а за разгледуваните комбинаторики најавија дека ќе ги информираат премиерите на двете земји. Министрите следната недела, на 12 мај, во Атина ќе имаат средба со медијаторот на Обединетите нации во спорот за името Метју Нимиц.
Димитров нагласи дека главните разлики остануваат во однос на прашањето за промена на Уставот, што го бара грчката страна и прашањето за опсегот на употреба, додека Коѕијас рече оти смета дека има извесен напредок во преговорите.
Ново на Сител
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
-

Иранската војска соопшти дека Ормуската Теснина е затворена
-

Македонија има светски шампион во карате – Марко Џорлев со пет победи стигна до златниот медал!
