-->
-->
Заев најави дека 15 јули ќе биде неработен ден за сите граѓани
-->

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на неговиот ФБ профил најави дека 15 јули, среда, е неработен ден за сите граѓани, ден за гласање, ден за одлуки и за спас на државата од кризата во која влеговме.
– За да не страда народот и за да им се овозможи на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на дело да ја покажат својата одговорност, го заклучуваме 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на кои гарантирано ќе учествува опозицијата. Бараа средината на јули – еве им средина на јули, напиша Заев на ФБ.
Се знае кој и во минатото бил најодговорен пред народот и државата, така и овој пат, пишува Заев, СДСМ ја покажува својата големина, разбирање и одговорност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
