Заев на средби со Ќучук и Чолош: Безрезервна поддршка за отворање на пристапните преговори на Македонија со ЕУ
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во рамки на дводневната работна посета на институциите на Европската Унија во Брисел, денеска, одржа одделни средби и со европратеникот Илхан Ќучук, кој е и известувач за Република Македонија, како и со претседавачот на парламентарната група на „Обнова на Европа“, (Renew Europe), Дачијан Чолош.

Како што соопшти владината прес-служба, на двете средби во Мисијата на Македонија во Брисел, кои беа оценети како одлични, беше изразена силна поддршка за отворање на преговорите на Македонија со Европската Унија, која како што беше нагласено, од своја страна ги исполни сите обврски.
-Соговорниците оценија дека пристапниот процес треба да биде фокусиран на европското законодавство АКИ (acqui) и беше заклучено дека сите други прашања, кои немаат поврзаност со европското АКИ треба да се адресираат билатерално, се наведува во соопштението.

На одделните средби со европратениците, на кои беше придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на нашата Постојана мисија во ЕУ, Агнеза Руси-Поповска, премиерот Заев се заблагодари на Чолош и Ќучук на досегашната принципиелна поддршка од парламентарната група на „Обнова на Европа“, (Renew Europe) во Европскиот парламент, изразувајќи надеж дека таа поддршка ќе продолжи континуирано и понатаму, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
