-->
-->
Заев на мотор дојде во Варвариц
-->
Премиерот на Република Македонија, денеска се појави со моторцикл на четири тркала во селото Варварица во Општина Василево, каде имаше средба со граѓаните по повод осветувањето на реконструираната црква од 17 век „Св. Петка".
Заев на одбележувањето на 73 години од формирањето на првиот Народноослободителен одбор за Струмичко се појави заедно со моторџиите од мото клубот АТВ Струмица, каде тој е и член.
„Не е тајна дека премиерот сака да вози мотор на четири тркала, а денеска уживаше да се вози по Еленица со пријателите".
Тие тргнале рано утрото и возеле 40 километри пат по падините на Еленица, поминувајќи неколку ридско планински населени места од Рич – Струмица до Горни Липовиќ – Конче.
Меѓу 15-те членови се најде и генералниот секретар на Владaта Драги Рашковски, кој исто така е мото рели возач. Заедно со лидерот на СДСМ членуваат во клубот АТВ Струмица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот
-
Ангелоски: Замислете какво е чувството да платите, а веќе утредента да не важат повисоките цени