Заев и Сугарески на отворањето на автопатот Приштина - Скопје
Претседателот на македонската Влада Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, ќе присуствува денеска на свеченоста по повод пуштањето во употреба на последната делница од автопатот „Арбен Џафери“, кој го поврзува главниот град на Косово со границата со Република Северна Македонија.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, градежните работи на изградбата на косовскиот дел од автопатот Приштина – Скопје се завршени вчера, а своето присуство на денешната свеченост во близина на граничниот премин Блаце, го потврдија тројцата највисоки косовски челници – претседателот на државата Хашим Тачи, парламентарниот спикер Кадри Весели и премиерот Рамуш Харадинај.
Како гостин на свеченоста закажана за 12 часот, покрај македонскиот премиер, се очекува да присуствува и претседателот на Владата на Црна Гора, Душко Марковиќ.
Косовскиот премиер Харадинај, покрај Заев и Марковиќ, на инаугурацијата на автопатот „Арбен Џафери“ го покани и претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама, меѓутоа, според косовските медиуми, тој најверојатно нема да присуствува на свеченоста.
Ново на Сител
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско