Спорт плус
8. July 2015 - 15:02

Задоволни сме со една победа од двомечот со Естонија

Македонската одбојкарска репрезентација в петок, 10-ти и сабота 11-ти јули ги игра првите средби со Естонија на гости во рамките на Европската лига. 

Почетокот в петок е во 21ч а во сабота во 20ч. 
Во нашиот табор се свесни дека играат против квалитетен противник но горат од желба да обезбедат барем полуфинале како и минатата сезона кога го освоија третото место. 
Математиката вели дека секој поен може да биде драгоцен и заедно со победите на домашен терен да се дојде до полуфинале - истакнуваат во нашиот табор. 
Репрезентативците за Естонија заминуваат вечерва преку Истанбул каде ќе преноќат а се враќаат по истата рута во понеделник. 
Капитенот Никола Ѓорѓиев кој е наш најголем адут ги истакна добрите подготовки е смета дека недостатокот на контролни средби нема да влијае многу на играта во Естонија:
Морам да ги пофалам атмосферата во репрезентацијајта и условите кои ни ги обезбеди Федерацијата овој пат и да ги пофалам младите одбојкари кои имаат голем напредок во својата форма. Нема од што да се плашиме, ќе одиме гради в гради и на победа во првиот меч. На вториот нема притисок, само да не останеме на нула. Гостински бод ќе значи многу, особено пред завршните два меча со Полска“, истакна капитенот Ѓорѓиев.

Ново на Сител