Забрани за сообраќај за тешки товарни возила на планинските премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите по интервенција на екипите на Македонија Пат.
Како што соопшти АМСМ, забрани за сообраќај за тешки товарни возила попладнево има на планинските премини Стража, Маврово, Пресека, Ѓавато, Крива Паланка – граничен премин Деве Баир.
На патот Штип-Велес на м.в Три Чешми сообраќајот е во прекин бидејќи товарно моторно возило го попречиле патот, поради снегот.
Од 06:00 часот утринава на магистралниот пат А-3 Штип-Кочани поточно од с.Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“, поради чистење на снежни наноси сообраќајот се одвива наизменично.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Ново на Сител
-

Паразитска епидемија во САД: Илјадници нови случаи за само една недела
-

Саудиска Арабија формираше воен сојуз за заштита на Црвено Море
-

И животните на удар од топлотниот бран - да бидат соодветно згрижени, со доволно свежа и чиста вода
-

Царинската управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра | ВИДЕО
-

Високите температури го зголемуваат ризикот од труење со храна, внимавајте што јадете, каде пазарите и како ги чувате продуктите
-

Околу 4.500 хектари изгореле во пожарот на Крит – трет ден продолжува борбата со огнената стихија
-

Почина Франко Барези – фудбалската легенда на Италија и Милан
-

Италија бара суспензија на Шпанија од Шенген поради масовниот прилив мигранти
