Забраната на судијата Џејмс Робарт на првиот указ на Трамп, не се однесува и на вториот указ
Федералниот судија од Сиетл, Џејмс Робарт, утврди дека неговата наредба за запирање на извршувањето на првиот имиграциски указ на американскиот претседател, Доналд Трамп, не се однесува и на преработената варијанта на документот, пренесоа американските медиуми.
Робарт со оваа своја одлука во јавноста излезе еден ден откако федерален судија на Хаваи го блокира вториот имиграциски указ, што предвидува да се замрзне издавањето нови визи за државјаните на шест земји со доминантно муслиманско население и наново да се регулира програмата на САД за прифат на бегалци.
Робарт изјави дека неговата наредба од минатиот месец, која го блокира првичнит указ, не може да се применува и на вториот, бидејќи меѓу двата указа има доволно разлики.
Тој забележа дека Вашингтон и уште неколку држави побарале од него да ја блокира и преработената варијанта на забраната. Робарт посочи дека допрва треба да се произнесе за ова барање.
Ново на Сител
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот