-->
-->
Забрана за камиони на Плетвар и Стража, сообраќајот по влажни коловози
-->

На патниот правец Гостивар - Кичево преку планинскиот превој Стража во 19.45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, соопшти ЈП „Македонијапат“.
Претходно, од 18.30 часот, забрана за движење за тешки товарни возила беше воведена и на патниот правец Кавадарци - Прилеп преку планинскиот превој Плетвар.
На останатите патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, на кои има остатоци од кашест снег.
Од ЈП „Македонијапат“ информираат дека нивни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Апелираат возачите внимателно да возат и да ја прилагодат брзината кон условите на патот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
