Заборавил на покојникот: Гробар се напил и на погреб донел празен ковчег
Во Остружница требало да се одржи погребот на Ненад Лазаревиќ Мишка (59), но работникот во погребалното претпријатие Слободан Ш. на гробишта донел празен ковчег.
-Ненад починал во понеделникот. Живеел само во куќата во Остружница и мртов го нашол соседот Слободан Ш, негов пријател. Тој ги известил сестрата на Ненад дека братот и починал, и бидејќи жената живее во Босна, ветил дека тој ќе го организира целиот погреб, вели Верица Живановиќ, соседката на починатиот.
Сестрата на Лазаревиќ се согласила Слободан да и помогне околу погребот, но не насетувала каква збрка ќе направи.
-Погребот беше закажан во сабота во 13 часот на гробиштата во Остружница. Ние се собравме во капела околу 12 часот. Се беше погтовено за погреб: цвеќе, венци, свештеник. Меѓутоа Слободан доцнеше цели 2 часа Сите бевме бесни на него. Луѓето му се јавуваа да прашаат каде е, а тој ги пцуеше - вели Верица и додава дека некои мештани тој ден го виделе Слободан како пие виски во кафулето..
Според зборовите на соседот, вистински шок следувал кога Слободан се појавил на гробишта.
-Не дозволил сандакот да се извади од комбето. Почнавме да викаме на него и да бараме објаснување поради што не ни дава да го погребеме Ненад. Тогаш тој ни раскажа небулозна приказна. Рече дека донел празен ковчег, а телото на Ненад е во комбето кај неговиот колега, која на пат до гробишта доживеал судар. Се гледаше дека е пијан и се чувствуваше алкохол, раскажува зачудениот сосед и додава дека Слободан и потоа влегол во комбето и побегнал од гробишта.
-Патролата на интервентната единица го запре комбето за погребни услуги кај Белградскиот саем со кој управувал Слободан Ш. Со алкотестирање е утврдено дека е пијан, а кога полицијаците го отвориле мртовечкиот сандак кој го возел, виделе дека е празен, вели извор од истрагата.
Меѓутоа, апсењето на Слободан не беше крај на драмата за сестрата на покојникот и пријателите.
-Сестрата на покојникот и натаму не знаеше каде е телото на нејзиниот брат. Жената беше во агонија. Следуваше потрага по посмртните останки, и на крајот се дозна дека телото на Ненад Лазаревиќ е во капела, вели соседот и додава дека не знаел каква намера имал Слободан.
-Тој не го зел телото од капелата, а поради што не знам. Да не инсистиравме да го отвори ковчегот на гробишта, тој најверојатно ќе ни дозволеше да закопаме празен сандак, вели соседот.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг