Заболениот од коронавирус во Хрватска гледал Лига на шампиони во Милано
Првиот пациент со коронавирус во Хрватска неколку дена пред откривање на оваа болест бил на стадионот „Сан Сиро“ во Милано следејќи го натпреварот помеѓу Аталанта и Валенсија во Лигата на шампионите.
Од компанијата Ериксон Никола Тесла, каде е вработен, потврдија дека тој навистина бил присутен на „Сан Сиро“.
„Тој во средата, 19 феврури 2020, беше на годишен одмор во Милано, следејќи фудбалски натпревар. Потоа се врати в петокот на работното место во Загреб. Според информациите што ги имаме од неговото семејство, во неделата е примен во болница со симптоми на болеста, а дополнително е утврдено присуство на коронавирусот во неговиот организам“, се вели во соопштението на компанијата.
Се стравува од забрзано ширење на овој вирус во различни земји ширум Европа со оглед на тоа дека на фудбалскиот натпревар беа присутни повеќе од 50.000 лица.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори