-->
-->
За време на протестите против Трамп во Портланд застрелано едно лице
-->

Еден човек беше застрелан денеска во градот Портланд, Орегон, за време на протестите против изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, јави Си-Ен-Ен.
„Полицијата ја испитува престрелката на мостот `Морисон`. Еден човек е повреден. Сите треба веднаш да го напуштат регионот", се наведува на Твитер, во соопштението на официјалната страница на локалната полиција.
Според претходни информации за пукањето е осомничен млад афроамериканец. Според полицијата, околу полноќ, по локално време, избила расправија меѓу еден од демонстрантите и едно лице кое со автомобил преминувало преку мостот. По расправијата, лицето излегло од возилото и го ранило демонстрантот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
