За вооружениот напад врз Топ чанел приведени две лица
– Албанската полиција приведе две лица, за кои основано се сомнева дека се поврзани со вооружениот напад врз зградата на телевизијата Топ чанел во Тирана, во кој беше убиен 60-годишниот Пал Кола, лице од обезбедувањето.
Двајцата се приведени во Валона, но се жители на Скадар.
-Истрагата продолжува во врска со осомничените кои би можеле да бидат вмешани во смртоносниот напад. По неколку часа од настанот две лица се приведени во Валона, но се жители на Скадар. Пренесени се во Тирана на распит, стои во полициското соопштение.
Нападот го извршиле три лица, вчера околу 1 часот кои од возило „ренџ ровер” со автоматски пушки пукале во првиот и вториот кат на зградата.
Чуварот се наоѓал во стражарската куќичка. Бил вработен пред шест месеци. Татко е на три деца.
Кусо пред нападот зградата ја напуштиле 10 новинари и сниматели, со што е избегната поголема трагедија.
Ново на Сител
-
Кривична против 2 лица од Скопје, пронашле платежна картичка и ја искористиле 30 пати
-
38-годишник пронајден починат во семејна куќа во Гевгелија
-
Приведен 27-годишник, ја нападнал поранешната партнерка и случајни минувачи
-
Сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мопед во Скопје, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавени се Конкурси за питомци и студенти за прв и втор циклус на студии на Воената Академија
-
Меџити најави кривична за Арсовска: Ова е последен обид на Ахмети за дестабилизација преку општините
-
Обвинетите во „Адитив“ не се чувствуваат виновни, Обвинителството тврди дека има цврсти докази
-
Кривична против две лица од прилепска болница, присвоиле средства од благајната во вредност од 2.269.317 денари