За вооружениот напад врз Топ чанел приведени две лица
– Албанската полиција приведе две лица, за кои основано се сомнева дека се поврзани со вооружениот напад врз зградата на телевизијата Топ чанел во Тирана, во кој беше убиен 60-годишниот Пал Кола, лице од обезбедувањето.
Двајцата се приведени во Валона, но се жители на Скадар.
-Истрагата продолжува во врска со осомничените кои би можеле да бидат вмешани во смртоносниот напад. По неколку часа од настанот две лица се приведени во Валона, но се жители на Скадар. Пренесени се во Тирана на распит, стои во полициското соопштение.
Нападот го извршиле три лица, вчера околу 1 часот кои од возило „ренџ ровер” со автоматски пушки пукале во првиот и вториот кат на зградата.
Чуварот се наоѓал во стражарската куќичка. Бил вработен пред шест месеци. Татко е на три деца.
Кусо пред нападот зградата ја напуштиле 10 новинари и сниматели, со што е избегната поголема трагедија.
Ново на Сител
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице
-
Инцидент на Скопскиот аеродром: Србин скршил стакло на заштитна врата, полицијата го уапсила
-
Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина
-
Вработените во ФЗОM на предупредувачки протест
-
Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон
-
Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците