За своите заслуги во ОВК, Назим Буши се закити со УЧК признание во својот кабинет во МВР
Назим Буши, заменикот министерот за внатрешни работи, го овековечи моментот во кој во својот кабинет добива признание за неговите заслуги во ОВК како подарок обележје на УЧК.
На гравираниот на дрво предмет, освен знакот и името на УЧК е напишано и името и презимето на заменик министерот, Назим Буши.
Фотографијата осамна на профилот на извесен Лиридон Бајрами, кому во биографијата на Фејсбук му пишува дека работел за „Унијата на албанските земји".
„Ја имав честа и привилегијата денеска да се сретнам со командантот на 114-тата бригада Фадил Нимани; Тигар и сега заменик министер за внатрешни работи Назим Буши. Како син на маченик, му го посветувам овој подарок кој докажува дека знае како да биде репрезент секогаш кога е во прашање националниот интерес. На патриотите по војната, Фејсбук патриотите, лесно им е да ни продаваат приказни, но кога беше потребно Назим ја соблече државната униформа и ја носеше униформата на народот. Тоа е доказ за неговата национална визија и став. Многу кратко и јасно му порачав на мојот пријател, драгиот г-ин Назим, дека „зборуваат тие кои не успејаа и не направија ништо за нацијата и татковината, додека карванот врви". Назим Буши беше и сум длабоко убеден дека секогаш ќе биде во карванот на Албанците. Слава на мачениците“, напишал Бајрами како коментар на објавената фотографија.
Ново на Сител
-
Мажите мора да служат војска | Димитар Атанасовски | Лабави муабети | Sitel Podcast 44
-
Уапсен штипјанец кој ја нападнал сопругата со која се разведува
-
Приведен штипјанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата
-
Сиљановска-Давкова: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир
-
Декларацијата на самитот во Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници
-
Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина
-
Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина
-
САД уништи седум радари на територијата контролирана од Хутите