За справување со имигрантите Чешка сака да распореди полицајци на унгарско-српската граница

Чешкиот министер за внатрешни работи, Милан Хованец сака да и помогне на Австрија за справување со приливот на имигранти, со распоредување на чешки полицајци на унгарско-српската граница, јави дописникот на МИА од Прага.
Токму преку Унгарија и Србија до Австрија доаѓаат најголем број бегалци чија бројка е веќе над 10.000.
- Чешка и понуди на Унгарија, полицајци, техника и парични средства, но Унгарија го стопираше проектот изјави чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец по средбата со неговата австриска колешка Јохана Микл Лајтнер, најавувајќи дека за предлогот претставници на полицијата на земјите на ЕУ ќе разговараат деновиве.
Тој предупреди дека во Австрија се преполни капацитетите за прифаќање на мигрантите.
- Ние не сакаме да ни се случи иста ситуација и затоа е потребно зголемување капацитетот на прифатните центри. Ќе се обидеме да го зголемиме капацитетот за уште неколку илјади, но исто така мора да решиме како бегалците да се вратат во своите земји, рече Хованец.
Хованец оцени дека со проблемот со имигрантите се соочуваат Италија и Грција, каде што неодамна пристигнаа голем број бегалци, но исто така и Унгарија, за која според него воопшто не се зборува.
Тој додаде дека до Унгарија секој ден доаѓаат околу 1.500 мигранти, но до местото од каде доаѓаат се враќаат само 10-30.
Австрија се соочува со бран на бегалци кои доаѓаат главно од земјите на Блискиот Исток и Северна Африка.
Минатата недела, Словачка вети дека на југот на земјата ќе обезбеди привремено сместување на 500 бегалци кои бараат азил во Австрија, што наиде на негодување на жителите во тој крај.
Против прифаќањето на бегалците од југ се исто така повеќето Чеси.
Според последната анкета на Центарот за истражување на јавното мислење против приемот на бегалците се над 70 проценти од населението на Чешка.
Ново на Сител
-

Николоски: Градскиот воз и електричните еколошки автобуси се придонес кон намалување на аерозагадувањето во Скопје
-
Николоски: Нема политички договор со Бугарија за случајот Ива Михајлова
-

Трамп: Егзекуцијата на Нидал Хасан нема да биде емитувана во живо
-

Новиот Луна парк во Скопје треба да биде готов до крајот на 2027 година
-

Истрага против 20-годишник за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија
-

Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие
-

Хориха од денес дел од македонската ракометна репрезентација
-

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција
