За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани 16 лица, информира Тошковски

За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани се 16 лица. Вкупно се извршени разговори со 71 лице, од кои 42 во Скопје и 29 лица во Кочани. За 14 лица е изречена мерка притвор во траење од 48 часа, информираше денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
На 11 лица им е одредена мерка притвор за постоење на основано сомнение за сторени „тешки дела против општата сигурност“, додека на три лица име одреден притвор за „несовено работење“.
Тошковски, на прес-конференција во МВР денеска информира дека последното задржано лице се терети за „тешки дела против општата сигурност“ во врска со предизвикување на општа опасност, а истото е потписник на еден од потребните документи за ставање во функција на еден кабаре клуб.
- Постојат основи, кои што, одат во насока дека незаконито, паушално, без утврдување на фактичка состојба биле изготвувани круцијални документи, кои што биле предуслов во понатамошната постапка за ставање во функција за предметното кабаре, изјави Тошковски.
Извршени се, нагласи Тошковски, претреси на две лица, вработени во Министерство за економија, при што одземени се техничка опрема, документација, оружје, муниција... Претреси извршени се и кај управителот и одговорното лице на дискотеката, а денеска полициски службеници од Одделот за крим полиција и организиран криминал влегоа и во општината, каде како што нагласи Тошковски, се преземаат мерки и активности за обезбедување на документација поврзана со дискотеката.
Ново на Сител
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
-

Екс директорот на Комунална, Рустеми се сомничи дека злоупотребил над 68.000 евра за фиктивни услуги
-

Обвинение за сопругот на Ивана: Насилството довело до самоубиство
-

Закани за бомби и убиства во медицинското училиште во Тетово – приведен 18-годишник
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
