За шест години во албанските затвори починале 139 осуденици, повеќето од здравствени причини, а 12 извршиле самоубиство

Бројот на затвореници кои ги загубиле животите во затворите во Албанија наликува на воен биланс, констатира Топ чанел, наведувајќи дека во периодот од јануари 2020 до септември 2025 година, 139 лица ги загубиле животите во ѕидовите на своите ќелии, а 12 извршиле самоубиство.
Според Управта за извршување санкции во првите три месеци од годинава починале петмина осуденици.
-Официјалните податоци ја наведуваат 2024 година како година со најголем број сериозни инциденти во затворите, кога 32 осуденици кои издржувале казни го загубиле животот, при што 31 случај е класифициран како здравствено-поврзан, а еден случај е самоубиство, наведува телевизијата.
Слична состојбата е и во 2023 година, кога од вкупно 25 смртни случаи, 23 биле поврзани со здравствени причини, додека евидентирани се едно самоубиство и еден случај на убиство. И тука, повеќето од жртвите починале од нарушено здравје, што укажува на сериозната здравствена состојба на осудените лица.
Во 2022 година се регистрирани 17 смртни случаи, главно поради здравствени причини, додека се регистрирани и 2 случаи на самоубиство. Во меѓувреме, во 2021 година, од вкупно 19 смртни случаи, 17 се од здравствени причини, а 2 се од самоубиство.
Слична е ситуацијата и во 2020 година, 26 затвореници починале, од кои 21 поради болест, а 5 случаи се самоубиства. Минатата година, за период од 9 месеци, регистрирани се 15 смртни случаи, од кои 14 се поврзани со здравствени причини, а еден случај е самоубиство.
Податоците јасно покажуваат дека главниот проблем во затворскиот систем останува здравјето на затворениците, со голем број смртни случаи што се јавуваат како резултат на болест. Од друга страна, иако во помал број, случаите на самоубиства остануваат уште еден аларм за институциите. Алармантна е ситуацијата и со лица заразени со СИДА во затворите чиј бројот се зголемува, наведува Топ чанел.
Според статистиката албанските затвори се преполни, земјата е четврта во Европа со над 180 затвореници на 100 илјади жители.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
-

Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Багеи: Договорот со САД нема да биде потпишан утре
-

Штипските доброволци пожарникари ќе добијат заштитна опрема од Америка
-

Средба Мицкоски - Ердоган: Владата останува посветена на создавање поволна деловна клима за нови турски инвестиции и работни места
-

Дејвис куп: Македонските тенисери се вратија во Втората светска група, совладана Црна Гора
-

На југот на Холандија 200.000 жители предупредени да ја зовриваат водата поради ешерихија коли
