За обнова на Мосул потребни се седум милијарди долари
Поминаа три години од ослободувањето на Мосул, кој беше под окупација на вооружената група Исламска држава Ирак и Левант (ИСИЛ), а потребни се седум милијарди долари за обнова и изградба на таа ирачка метропола.
Третиот по големина ирачки град беше под окупација на ИСИЛ од јуни 2014 година до средината на декември 2017 година, кој исто така го прогласи за главен град на таканаречениот калифат.
Градот на брегот на Тигар претрпе страшно уништување во тој период, а неговиот гувернер Неџим ал-Џубури рече дека се потребни седум милијарди долари за реконструкција.
За време на окупацијата, припадниците на ИСИЛ ги уништија скоро сите споменици на светското културно наследство во Мосул, а градот претрпе големи уништувања за време на конфликтот, а за обнова и изградба ќе бидат потребни повеќе време и пари.
„По повеќегодишно засолниште, илјадници локални жители се вратија во Мосул, но илјадници од тие повратници се уште се без покрив над главата“, рече Џубури.
Тој додаде дека на Мосул му требаат итни инфраструктурни проекти за обнова на урнати куќи, болници, училишта и јавни институции.
Ново на Сител
-
Репортери без граници: Северна Македонија на 36. место, најдобро рангирана меѓу државите од регионот
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина