-->
-->
За кои прегледи и операции ќе се изначекате, а кои нема ни да ги закажете?
-->

Нема да чекате за прегледи во 85 здравствени установи каде што се работи на државен трошок, за 159 специјалности, но нема ни да закажете зашто нема термини
Ќе се изначекате ако сакате на државен трошок да закажете поставување пејсмејкер за да ја стимулира работата на срцето, невропсихолошко тестирање, снимање со магнетна резонанција, со компјутерска томографија, ЕХО на дојка, на стомак, колоноскопија и гастроскопија за инвазивни прегледи на органите за варење. Нема да поминете полесно ако ви треба и дезинтометрија - преглед на состојбата на коските, ласерски интервенции на очи, електромиографија.
Воопшто нема да чекате за вакви прегледи во 85 здравствени установи каде што се работи на државен трошок (за 159 специјалности). Но нема ни да закажете зашто нема слободен термин за нив, покажуваат податоците на системот за евиденција и закажување во здравството „Мој термин“ од почетокот на месецов.

Каде нема термини?
Податоците за прв слободен термин во државата покажуваат дека за електромиографија се чека 140 дена, за невролошко тестирање - 48 дена, додека за поставување пејсмејкер – 43.
За услуга од дефектолог-соматопед треба да поминат 20 дена, за скенирање со ПЕТ-компјутерски томограф, кој покажува малигни клетки – 14 дена.
Ако ги ловите овие слободни термини, може да треба да патувате далеку од вашето место на живеење.
Во скопската градска општа болница „8 Септември“ на почетокот од месецов немало термин за дигестивна хирургија, за колоноскопија, за неврохирургија, ревматологија, за пластична хирургија и за електромиографија. Во клиничката болница во Битола нема за гастроскопија и колоноскопија, за преглед кај кардиолог и педијатар, за снимка со магнетна резонанција и услуги од физикална медицина. Во клиничката болница во Штип нема термини за кардиолог, ниту, пак, за ЕХО на срце и за стрес-тест. Таму пациентите не можеле да закажат ниту за снимање со магнетна резонанција зашто сите термини биле зафатени. За гастроскопија, ЕХО на срце, стрес-тест нема термини ниту во велешката болница. Таму на оваа листа се и прегледите на невропсихијатрија и психијатрија, пулмологија и урологија. Генерално, слично изгледаат и листите за кои нема термин и во кумановската болница.
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО НА ЛИНКОТ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Украински беспилотни летала погодија хемиска фабрика во рускиот Тверски регион
-

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви
-

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак повеќепати престојувал стан на Епстин во Њујорк
-

Браун: Кризата со лидерството на Стармер е „сериозна“
-

Жител на кавадаречко Возарци возел без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Три лица завршија во притвор: Кроеле план за одмазда на нивните браќа кои биле осудени за тероризам
-

Кумановци одбележуваат 82 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош
-

Измамена 76-годишна жена од Битола за 7 000 евра
