-->
-->
За 45,9 проценти зголемен бројот на туристи во првиот квартал годинава
-->
Бројот на регистрирани туристи во државава во март годинава изнесуваше 39.786, од кои 43,1 проценти се домашни, а 56,9 отсто странски туристи.
Државниот завод за статистика денеска објави дека бројот на ноќевањата во март 2022 година изнесува 87.074, од кои 44,1 процент се од домашните туристи, а 55,9 отсто од странските.
Во периодот јануари – март 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 45,9 проценти.
Кај домашните туристи има зголемување за 21 отсто, а кај странските зголемувањето е за 79,5 проценти. Кај бројот на ноќевања има зголемување за 41,6 отсто, кај домашните туристи за 22,2, а кај странските за 67 проценти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена