За 24 часа издадени 2.413 потврди за азил

Министерството за внатрешни работи за изминатите 24 часа издало 2.413 потврди, од нив 1.480 се од машки пол, 288 се од женски, 504 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 141 дете кои патуваат без родител, за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 3.134, Авганистан 132, Ирак 126, Палестина 5, Пакистан 26, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19 јуни 2015 до 13 септември 2015 година во 8 часот, издадени се потврди на вкупно 75.087 странски државјани, од кои, 50.155 се од машки пол, 10.337 се од женски, 12.415 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.180 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 61.029, потоа Авганистан 4.669, Ирак 3.538, Пакистан 2.032, Палестина 842, Сомалија 592, Бангладеж 506, Конго 328, Нигерија 210, Камерун 163 Еритреја 154, Етиопија 118, Судан 106, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 11 септември 2015 година, до Одделението за азил поднесени се 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак и едно барање од државјанин на Египет.
Ново на Сител
-

Магла на неколку патни правци, сите патишта проодни, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
-

Зеленски со остра критика кон ЕУ во Давос: Европа чека насоки од Трамп, наместо да преземе акција
-

Седница на ДКСК - избор на генерален секретар, постапување по предмети и по пријави од укажувачи
-

На собраниска седница Законот за прекршоците, последниот потребен за да стартува примената на „Безбеден град
-

Одбележување на Неделата за подигнување на свеста за борбата против ракот на грлото на матката
-

Амандманска распарава за измените на Кривичниот законик во матичната собраниска комисија
-

АЕК ќе додели одобрение за трет мобилен оператор на „ОНЕ Македонија телекомуникации“
-

Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ со вкрстено испитување на сведок од ФЗО
