За 12,5 проценти намален бројот на патници со автобус во четвртиот квартал лани

Со автобус во четвртиот квартал лани биле превезени 11 166 000 патници, што е намалување за 12,5 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според видот на превозот, бројот на превезени патници е зголемен само во меѓуградскиот превоз, за 2,9 проценти, а намален во градскиот превоз за 16,1 процент, во приградскиот за 9,9 проценти и за 14,6 проценти во меѓународниот превоз.
Во четвртото тримесечје од 2023 година, во однос на истиот период од 2022 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 38,5 проценти. Во градскиот превоз е намален за 87,8 проценти, во приградскиот за 63,2 проценти, во меѓународниот за 6,7 проценти, а зголемен е за 4,6 проценти во меѓуградскиот превоз.
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
