За 10,3 проценти зголемен бројот на странски туристи во периодот јануари-ноември 2025 година

- Во ноември 2025 година 77 570 туристи оствариле 146 605 ноќевања во државава. Од вкупниот број туристи, 25,7 проценти се домашни, а 74,3 проценти се странски туристи.
Државниот завод за статистика денеска објави дека најмногу странски туристи во ноември имало од Турција, 12 401, по што следуваат Германија, 11 812, Србија, 3 793, Грција 3 506,...
Бројот на ноќевањата во ноември 2025 година изнесува 146 605, од кои 33,9 проценти се од домашните туристи, а 66,1 процент од странските туристи.
Во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6 проценти, со тоа што кај домашните туристи има намалување за 2,5 проценти, а кај странските има зголемување за 10,3 проценти.
Во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0,8 проценти така што кај домашните туристи има намалување за 4,3 проценти, а кај странските има зголемување за 6,9 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
