Вулканската пепел предизвика откажување на 900 летови кон Бали

Облаците од пепел предизвикани од ерупцијата на вулканот Раунг во источна Индонезија, беа причина од четвртокот, па до денеска, да бидат откажани над 900 летови од и кон Бали, познат како еден од најатрактивните туристички центри во светот.
Вчера аеродромските власти во Денпасар, главниот град на провинцијата Бали, соопштија дека пистите и контролните уреди на аеродромот се исчистени, но во текот на ноќта и денеска ветрови донесо два поголеми облаци пепел, со што повторно беше прогласена забрана за летење во ова подрачје.
Локалните медиуми во Индонезија јавуваат дека илјадници странци, кои веќе го откажаа престојот во хотелите, јадат и спијат во просториите на аеродромот во кои има невидени турканици, но не се забележани посериозни инциденти.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
