-->
-->
Вујошевиќ: Успехот на Звезда се градеше врз Партизан
-->
Поранешниот тренер на КК Партизан, Душан Вујошевиќ во интервју за Партизан.нет се осврна на односот кон својот некогашен клуб но и многу други теми во српскиот спорт.
Според Вујошевиќ кој сега работи во Франција политиката активно се замешала во рушењето на Партизан за да и овозможи на Ц.Звезда да се дигне од апатичната ситуација во која беше со години: „ Можеше да има два силни клуба, не мораше да се руши Партизан“ смета Вујошевиќ кој потенцираше дека српскиот премиер Александар Вучиќ е голем навивач на Црвена Звезда и дека најголемите проблеми ги направиле луѓе од неговото окружување кое ги нарече „улизици“.
Вујошевиќ направи споредба со состојбата во Франција каде работи: „ Тука нема политика се е насочено кон успех со што помалку пари. Секој си ја работи својата работа“-смета трофејниот тренер кој потврди дека поради здравствените проблеми и лошата состојба на бубрезите морал да замине од Србија.
Во Франција редовно оди на дијализа но квалитетна со други супстанци а не како во Белград.
"Јас го сакам Партизан, но не сметак дека луѓето кои се таму инсталирани и поставени се добри. Некој од сенка ја води целата приказно, некој кој го симболизира оној Партизан кој мене ми пречи“
.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток