Вуцис: Договорот од Преспа дава динамика и очекувања за другите земји од регионот
На конференцијата на претседателите на парламентите од земјите членки на ЕУ беше изразен ставот дека она што се случува на Балканот, а во кое помогна Договорот од Преспа, кој дава динамика и очекувања за другите земји од регионот, е во корист на цела Европа, вели претседателот на Парламентот на Грција, Никос Вуцис во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА.
-За заедничките политики во врска со одбраната и надворешната политика, за финансиската криза, беше дадена можноста на многу широк форум, да се изрази мислењето и одлуката за тоа дека на Балканот се случува сериозна работа во корист на цела Европа. Исто така, беше изразено мислење дека во ова помогна и многу помага Договорот од Преспа, кој решава еден проблем и им дава динамика и очекувања на соседните земји Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, кои се наоѓаат на различна точка од пристапниот процес, вели Вуцис од Виена, по завршувањето на конференцијата.
Претседателот на грчкиот парламент кој бил еден од тројцата главни говорници, за АНА-МПА објаснува дека она што било констатирано на конференцијата е дека во ЕУ постои одново голем интерес за Балканот во кој Грција игра водечка улога, јави дописничката на МИА од Атина.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце