Вучиќ: Земјоделството меѓу најважните области за соработка
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на седницата на Иницијативата за земјоделство „Отворен Балкан“ посочи дека потпишаниот договор за соработка во ветеринарното, фитосанитарното и безбедноста на храната и добиточната храна отвора големи можности за трговија и оти наскоро би можело да се достигне ниво од една милијарда евра, јави допсиникот на МИА од Белград.
Вучиќ во своето излагање истакна дека трите земји се подготвени да соработуваат во многу области, а земјоделството е една од најважните на кои ќе се посвети во наредниот период.
Сепак, тој посочи дека не се работи само за слободен проток на храна, или сурови производи, размена на храна, туку и соработка во областа на вештачката интелигенција, роботиката, ИТ индустријата, што може да го поддржи развојот на земјоделството во иднина.
Вучиќ кажа дека Србија со Албанија има трговска размена во земјоделството вредна 70 милиони евра, а со Македонија 216 милиони евра, посочувајќи дека тоа се мали вредности, но дека е убеден оти наскоро може да се достигне нивото од една милијарда евра.
Според него, со потпишувањето на договорот ќе се овозможи забрзување на процесот на размена на земјоделски производи и намалување на загубите поради долгото чекање на границата.
Тој кажа дека потенцијалот за раст е бесконечен и рече дека кога се слушаат податоците дека размената во земјоделството може да надмине вредност од една милијарда евра, покажува колку оваа соработка може да биде важна за БДП на земјите учеснички. Посочи дека има многу институти, институции, организации кои треба да се поврзат и ја поддржа идејата на премиерот на Албанија, Еди Рама, да ги покани тие институции на следниот состанок.
-Треба да ги поврземе луѓето за да ја разберат идејата за вмрежување и поврзување на нашите земји, кажа Вучиќ.
Ново на Сител
-

Дознале дека три од четирите деца постепено ќе го губат видот, па ги однеле на пат околу светот за да создадат спомени
-

Ѓаволот призна вина - осуден на условна казна од две години
-

Заклучен Избирачкиот список за изборите за градоначалник во Брвеница
-

На 29 октомври граѓаните ќе добијат електронска лична карта и возачка дозвола преку апликацијата „м.Услуги“
-

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР не постапува по етнички предзнак
-

35-годишен маж затекнат сред обид за кражба во стан - приведен откако го нападнал совственикот
-

„Хероите живеат вечно“ мурал во чест на Сашо Самојловски и Жарко Кузмановски - бранители од Диво Насеље
-

44-годишен маж нападнал тројца соседи поради нерасчистени имотно-правни односи
