Вучиќ за ставот на Белата Куќа-Паушални коментари не ме интересираат
По соопштението на Белата куќа од порптпаролот Џуд Дир, во кое ги повика Косово и Србија да ја остават на страна екстремистичката реторика и да работат на договор кој се фокусира на меѓусебното признавање, реагираше српскиот претседател Александар Вучиќ, кој изјави дека „во изминатите 5 години нема дадено ниту една екстремистичка изјава“, додавајќи дека паушални коментари не го интересираат.
Вучиќ, кој е во обиколка на поплавените краеви на Србија, изјави дека би сакал од „Белата куќа да му кажат, кој е таа српска изјава, која е екстремистичка.“
-Во претходните пет години неможат ништо да ми најдат. Новинарите еднаш ме фатија дека нешто опцув во брада, некаде во Чачак за време на поплавите и тоа е единственото нешто што можат во некаква непристојност да ме фатат, арече Вучиќ.
Тој ја коментираше и изјавата на Даниел Сервер, која МИА ја објави, дека „Вучиќ не е подготвен за историски компромис со Косово“, изјавувајќи дека „тој секогаш е подготвен за компромис, но тоа не смее да подразбира Србија да изгуби се, а да не добие ништо.“
-Тој филм нека го заборават и Сервер и сите останати-изјави Вучиќ.
Српскиот претседател додаде дека „Србија е заинтересирана за продолжување на дијалогот, но нема за што да разговара додека Приштина не овозможи слободен проток на стоки“.
Вучиќ одби да ги коментира наводите на одделни медиуми, за „новиот план за Косово на германската канцеларка Ангела Меркел“, изјавувајќи дека „не може да коментира нешто што нема видено“ и дека пред два дена телефонски разговарал со неа, „ а Меркел ништо не му спомнала за такво нешто.“
Ново на Сител
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден
-
Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција
-
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска