Вучиќ во пресрет на разговорите со Курти: Пролеаната крв не се заборава, ќе го имам тоа во предвид
Српскиот претседател Александар Вучиќ во пресрет на вечерашната средба во Брисел со косовскиот премиер Албин Курти на Инстаграм порача дека „и се закануваат на Србија“ и дека „не смее да се заборави пролеаната крв“, јави дописникот на МИА од Белград.
-Албин Курти веќе неколку дена брутално и валкано води кампања против Србија. И тој и сите негови помагачи. Ги вклучија сите од Шаип Камбери до Азем Власи, сите аналитичари, сите политичари. Се закануваат на Србија, потсетуваат на некои стари времиња, зборуваат за нивната борба за слобода, заборавајќи дека Србите се бореле за слобода не само против терористите, туку и против НАТО агресорите. И како што тој рече, пролеаната крв не се враќа. Пролеаната крв не смее да се заборави, тоа ќе го имам во предвид вечерва, рече Вучиќ во соопштението од авионот пред полетувањето за Брисел.
Тој оцени дека „сите големи на Западот“ се против Србија.
-Сепак, правото и правдата се на наша страна. Уште поважно од тоа, тие не разбираат колку е силна љубовта кон слободата и колку силно и цврсто можете да ја чувате и покрај сите притисоци. Да живее Србија! , порача српскиот претседател.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека нема очекувања од денешната средба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, во Брисел, бидејќи, како што рече, не само да не ја гледа намерата на Приштина да го спроведе договореното пред 10 години, но смета дека Приштина намерно го прекршува Бриселскиот договор.
-Не гледам како тоа ќе се промени по повеќе од 10 години од потпишувањето на Бриселскиот договор како прв договор за нормализација што ЕУ го гарантираше со својот потпис. Во Приштина не гледам било каква подготвеност, тие се веќе наградени, за неприменување на Бриселскиот договор, рече Брнабиќ.
Ново на Сител
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
-

Реализирани над 65 проценти од проектот за реконструкција и проширување на охридскиот аеродром
-

ЈПДП потсетува дека од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Кина: Почнавме специјална поморска операција во близина на Тајван
-

Приведен 40-годишен жител на Свети Николе, пронајдени марихуана и семки од канабис
