Вучиќ со амбасадоритe на Квинта: Побарав КФОР да се грижи за безбедноста на северно Косово
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска имаше состанок со амбасадорите во Белград на земјите од Квинта – САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и со шефот на делегацијата на Европската унија, при што побара КФОР да се грижи за „сите безбедносни прашања на северот на Косово наместо полицијата на Курти“, јави дописникот на МИА од Белград.
Александар Вучиќ соопшти на Инстаграм дека во еден од најтешките моменти за Србија имал важен разговор со претставниците на Квинта.
-Го повторив ставот на Србија за последните настани на Косово и Метохија и побарав КФОР да ја превземе грижата за сите безбедносни прашања на северот на Косово наместо полицијата на Курти, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Тој додаде дека го поставил и прашањето -зошто косовската полиција одбила да му дозволи на ЕУЛЕКС да присуствува на самата операција, која била спроведена на територијата на северот на Косово.
На средбата на Александар Вучиќ со амбасадорите на Квинта и на Европската Унија присуствуваше и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.
Ново на Сител
-
Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба
-
Сончево и многу топло, температурата до 40 степени
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица